Saturday, Jun 24, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОтпишаните „Аѕури“ и одржаа лекција на Белгија на Евро 2016

Отпишаните „Аѕури“ и одржаа лекција на Белгија на Евро 2016

italija euro 2016

Селекцијата на Италија пред почетокот на Европското првенство во фудбал важеше за аутсајдер бидејќи не располага со голем број на ѕвезди, но затоа пак селекторот Конте покажа дека ги одбрал клучните играчи за солиден настап. Тоа го покажаа изненадувањата Пароло и особено Џакерини кој по одличната асистенција на Бонучи во 32-та минути го совлада белгискиот голман Куртоа.

Потоа Белгија се обиде да притисне и како одминуваше времето мораше да вложи се во нападот, но Лукаку, Ориги, Азар, Фелаини и Мартенс немаа среќа да погодат и да го совладаат легендарниот Буфон.

italija euro 2016 pele

Токму кога се отвори играта италијанските напаѓачи имаа поголем простор за контри и тоа го искористија во последната минута кога Пеле ја запечати победата со два гола разлика.

belgija euro 2016 origi

Во оваа група претходно Шведска и Република Ирска ги поделија бодовите откако изиграа нерешено 1:1.