HomeДЕНЕШНАСветОтпадот во Пацификот колку половина САД!

Отпадот во Пацификот колку половина САД!

Отпадот сместен меѓу Хаваи и Калифорнија е многу поголем отколку што се мислење, а тоа го покажуваат и снимки направени од воздух. Џиновскиот куп од отпад во Тихиот Океан покрива околу 4,5 милиони километри квадранти, што е речиси половина од површината на САД, пишува весникот „Гардијан“.

Набљудувањето од воздух го изврши фондацијата „Ocena Cleanup“, финансирана од страна на филантропи од целиот свет и холандската Влада, која планира до 2020 година да почне со чистење на големата количина пластичен отпад, што кружи по океаните.

„Вообичаено е прво да согледате со што имате работа и тоа беше задача пред да почнеме со чистењето. Но, ова што го видовме не го очекувавме. Количината на отпад целосно не изненади. Бизарно е да се види толкава голема количина отпад во она што би требало да биде чист океан, изјави Бојан Слат“, основач на фондацијата.

Центарот на т.н. голем пацифички „тепих“ од отпад е мирен дел на Тихиот Океан, а морските струи, кои кружат околу него го носат отпадот. Тоа предизвикува акумулација на отпадот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com