Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОткупени 80 проценти од произведените количини на тутун

Откупени 80 проценти од произведените количини на тутун

Сојузот на тутунарски здруженија потврди дека се откупени 15 милиони килограми тутун или околу 80 проценти од неговото производство и тоа по откупна цена од 186 денари.

Од Сојузот на синдикати на земјоделците тврдат дека во одделни производствени региони имало неколку реакции во поглед на добитоците што ги прават откупните компании, а тутунот се откупувал и потфрлување на просечната откупна цена. Потребно е тутунопроизводителите да ги пријават своите површини до надлежните а со откупните компании да склучат договори, апелираат од тутунарските здруженија.