HomeГИГА БАЈТХај текОткријте дали ве избришале од Facebook

Откријте дали ве избришале од Facebook

Мобилната апликација „Who Deleted Me on Facebook“ ви открива кој не ви е пријател повеќе на социјалната мрежа Fаcebook.

Се работи за програмски додаток за Facebook, кој брзо и едноставно ви открива кој ве отстранил од списокот на пријатели. Освен тоа, апликацијата може да ви каже и кој го деактивирал својот профил на најпопуларната социјална мрежа. Инсталирањето е многу едноставно, апликацијата е постојано активна и со секое рефреширање на страницата, добивате известување и имате увид во состојбата во секое време.

Апликацијата е достапна за iOS и Android софтвери, а може да ја инсталирате и како додаток на вашиот веб-прелистувач. Овде постојат одредени ограничувања – од веб-прелистувачите има поддршка за Chrome, Mozilla Firefox и Opera, а ако го користите Internet Explorer на Microsoft или Safari на Apple, нема да имате поддршка. Некои велат дека „Who Deleted Me on Facebook“ не е практична и само зависниците од Facebook ќе ја користат апликацијата, но сепак секој има право да прави што сака. Не се сомневаме дека апликацијата ќе достигне голема популарност.

Извор: telefoni.mk

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com