HomeГИГА БАЈТСмартфонОткриено со каква графичка ќе работи Samsung Galaxy S8

Откриено со каква графичка ќе работи Samsung Galaxy S8

Samsung забрзано го развива следниот премиум смартфон Galaxy S8 во кој ќе биде вложено многу за да се спасат од проблемите со фаблетот Note 7. Според последните информации Galaxy S8 ќе работи со неверојатна графичка карта ARM Mali-G71 која ја користи новата Bifrost архитектура која се фокусира на напредно 4K HD визуелно и виртиелно видео искуство.

Се верува дека ARM Mali-G71 ќе биде 1.8 пати побрза од T880MP12 графичката која се користи во премиум моделите оваа година, а ќе прикаже подобри перформанси дури и од графичката карта на следниот најмоќен осум-јадрен Snapdragon 830.

За Galaxy S8, ARM Mali-G71 ќе биде спарена со осум-јадрениот Exynos 8895 процесор кој целосно е развиван од Samsung и ќе има екстра перформанси со потенцијал од 3.0 GHz.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com