Thursday, Apr 25, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаОткриено потопено село од праисторискиот период под Егејското море

Откриено потопено село од праисторискиот период под Егејското море

Морињата кријат стари тајни. Овој пат научниците открија потопено село од праисторискиот период во Арголидскиот Залив на грчкиот полуостров Пелопонез. Група археолози од Археолошкиот факултет при Универзитетот во Женева, уште од лани вршат истражувања на локалитети во реонот на градот Арголида, а сега конечно дошле до откритие.

Тие соопштија дека откриле докази за постоење на човечки населби во ова подрачје уште во праисторијата. Потонатото село кое зафаќа површина од 12 декари, се наоѓа на длабочина од еден до три метри под површината на Егејското Море. Археолозите на овој локалите пронашле остатоци од куќи, дел од заштитен ѕид, како и музички инструменти и други предмети. Се проценува дека селото датира од третиот милениум пред новата ера.