Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионОткриено лажно рекламирање на „лековит“ леб во Србија

Откриено лажно рекламирање на „лековит“ леб во Србија

Голема измама ја потресе Србија откако се открило дека произведувачите на лебот „Тонус“ незаконски истакнувале амбалажа со информација дека нивниот производ помага во лекување бна дијабетес и канцер и дека лиценцата ја добиле од Руската академија на науките, пренесува српски „Блиц“.

Информацијата ја утврдила и Пазарната инспекција откако Татјана Веховец, уредничка на блогот Mooshema.com поднела пријава, шокирана од фактот дека бабата на нејзината другарка престанала да пие препишан лек за зголемен шеќер и почнала да го користи овој леб како замена за лекови.


„И понатаму постојат луѓе кои слепо веруваат кога им кажете дека нешто лекува. Овој леб, ниту било кој друг, не може да лекува. Лековите лекуваат. И затоа потрошувачите се доведени во заблуда. Да е се така како што се рекламира, тој производ би бил доста скап. Дури и да има некои такви својства кои се наведени, се работи за мали количини кои немаат никаков ефект“, објаснува српскиот нутриционист Бранка Мирковиќ.