HomeДЕНЕШНАРепубликаОткриени Велешаните кои се збогатија од лажните вести за Трамп

Откриени Велешаните кои се збогатија од лажните вести за Трамп

money2

Велешаните кои се збогатија ширејќи лажни вести за Доналд Трамп признаа одговорност и велат дека ќе продолжат да ги работат сајтовите. Британската телевизија Канал 4 дојде до неколкумина од нив а светските медиуми пишуваат дека токму овие портали со лажни вести многу придонеле да се оцрни Хилари Клинтон .

Пред оваа британска телевизија повеќето од тинејџерите не сакаа јавно да зборуваат пред камерата за нивните страници и за заработките што ги добиле. Тоа што го дозна новинарот е дека заработката стигнала и до 200.000 долари, а во мрежата биле вклучени повеќе од 200 тинејџери.

Сепак главниот креатор на мрежата, негираше дека разботел на такви сајтови и заминувајќи со својот автомобил не сакаше да зборува. Прашани која е причината поради која младите Велешани ширеле лажни вести во корист на Трамп сите одговорија – пари, но и забава. Вестите најмногу беа ширени преку социјалната мрежа Фејсбук.

Извор: faktor.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com