Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОткриени седумнаесет мигранти при проверка на патнчки возила

Откриени седумнаесет мигранти при проверка на патнчки возила

Вчера вечерта околу 20и 30 часот во близина на клучката кај Неготино во правец Гевгелија кон Скопје, полицијата со моторно возило „ матиз“ пронашла неколку мигранти. Моторното возило со велешки регистарски таблички не сакало да застане кога полицијата го побарала тоа од истото, но набргу матизот бил стасан кај местото викано „Полна Цигла“.
Откако биле запрени, во возилото освен возачот М.Ѓ.(32) имало и пет мигранти кои подоцна се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Слична случка се случи и вчераутро околу 7 и 50 часот, во близиа на селото Смоквица, полициски служби забележале моторно возило „рено“ со скопски регистарски таблички, како собира поголема група мигранти во возилото и заминало кон Скопје. Полициските работници го предупредиле возачот да го запре возилото, но се случило сосема спротивното тој ја зголемил брзината со цел да побегне и по 300 метри возење заедно со мигрантите излегле д автомбилот и побегнале на повеќе страни, но за кратко време биле фатени.
Од МВР известуват дека полицијата привела 12 мигранти од Алжир во возилото и дека работат на целосно расчистување на овие случаи.