HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОткриени дрски разбојници со криминално минато

Откриени дрски разбојници со криминално минато

СВР-Скопје поднес кривична пријава во два одвоени случаи за Е.Н.(40), З.Н.(40) и К.Д.(44), сите скопјани, а причината е порадио сомнение дека извршиле кривично дело-„разбојништво“. Друга кривична пријава е против двајца кумановчани М.З.(27) и Д.Р.(41), за сомнение дека извршиле „разбојничка кражба“. Од страна на судии на скопјаните-разбојници и на еден од кумановците им е одредена мерка притвор од по 30 дена, а за М.З. заштитна мерка-јавување на надлежен орган-Суд Куманово.

Осомничените З.Н., Е.Н. и К.Д. во првиот случај разбојништвото го извршиле на 30 јануари и се стекнале сопротивправна имотна корист од околу 15 илјади денари.

Под доза на алкохол удрил полицаец, насилство и тепачка во автобус на малолетници, сообраќајки, малтретиран и тепан малолетник во Тетово

Тројцата пријавени заедно со повреденото лице со такси возило се упатиле од населба Драчево кон Општина Центар. Оштетениот заедно со првопријавениот З.Н. влегле во Стопанска Банка со локација во ГТЦ каде што од страна на оштетениот биле извадени 15.000 денари. Откако ги извадил парите сите се отишле во еден од угостителските објекти поточно отишле на ул.„Кеј 13 Ноември“. По краток временски период се договориле да одат на гости кај нивна заедничка пријателка која наводно живеела на бул. „Крсте Мисирков“ и откако влегле во влезот, се качиле во лифтот и во еден момент Е.Н. и К.Д. го фатиле повредениот и го држеле за рацете, го гребеле во пределот на лицето, а З.Н. му ги побарал парите и откако истиот одбил да го направи, почнал физички да го тепа удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, а подоцна ја протнал раката во внатрешниот џеб од јакната и му ги одзел парите по што тројцата пријавени излегле од лифтот и го напуштиле местото на настанот, а оповредениот се здобил со повреди на лицето – гребнатини и модринки по целото тело.

Од Единицата Алфа по краток временски период пријавените злосторници се пронајдени и привеени и со истите бил извршен разговор во четири очи, а повредениот ги препознал фаците при што истиот ги посочил како сторители на кривичното дело претепување и земање пари. Друго значајно за е што сите тројца пријавени се доста познати сторители на такви кривични дела во период од 1987 до 2015 кад што во рок од 28 години им се поднесени некои десет кривични пријави.

Другиот слулај е со пријавените Д.Р. и М.З. кои што кражбата ја извршиле во декември минатата година околу 12 часот, истите од кражбата имале доста корист – украле 29 илјади денари. Настанот се одвивал така што тие отишле во „Космо Тинекс Дрогерија“ на ул.„Даме Груев“ по што првопријавениот влегол внатре, а второпријавениот го чекал надвор и по кратко разгледување по рафтовите каде биле изложени парфемите Д.Р. украл пет парфеми и излегол од парфимеријата, но истиот бил забележан од страна на вработената која се обидела да го сопре на излезот и да си ги врати производите, но крадецот не застанал и во еден момент се свртел кон вработената и ја повредил, удрајки ја со бокс во пределот на вратот по што таа паднала на земја, а Д.Р. заедно со М.З. кој бил присутен при нападот ја напуштиле парфимеријата. Набргу двајцата биле приведени каде што Д.Р. бил приведен во ПС ОН Центар, а М.З. второпријавениот во потрага бил приведен во Куманово.

Повредената веднаш ги препознала лицата на двајцара крадци, со нив бил воден разговор во кој првопријавниот Д.Р. во целост си ја признал вината и објаснил што и како се случило.Друго значајно поврзано со овие кривични дела е што Д.Р. е познат сторител на кривични дела против здравјето на луѓето за што од страна на СВР Скопје во периодот од 1994 до 1997 година добил две кривични пријави, а од страна на СВР Куманово во период од 20 години поточно од 1992 до 2015 година му биле поднесени 19 кривични пријави. Инаку и М.З. е сторител на кривични дела од областа на имтните деликти-кражби и кривични дела пртив здравјето на луѓето од страна на СВР Куманово од 2009 до 2015 година му биле поднесени три кривични пријави, што не е мала бројка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com