Tuesday, Apr 16, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмОткриени документи – Бил Козби дрогирал и злоставувал жени

Откриени документи – Бил Козби дрогирал и злоставувал жени

Шпекулациите дека славниот актер злоупотребувал девојки се покажаа вистинити. Бил Козби во 2005 година сведочел на суд дека набавувал таблети со намера да ги зашеметува младите жени со кои сакал да има сексуални односи. Исто така, признал дека тој седатив и’ го дал најмалку на една жена, поранешна вработена во Универзитетот Темпл, како и на „други луѓе“. Така е запишано во документите, кои по судски пат успеала да ги добие агенцијата „Асошиетед прес“.

Адвокатите на Козби не сакале да се објават тие документи, зашто би можеле да го посрамотат, а се однесуваат на случај на сексуална злоупотреба, кој бил решен со дискретна спогодба во 2006 година.

Повеќе од 20 жени го обвинуваат Козби за сексуална злоупотреба. Многумина го обвинуваат дека ги дрогирал и силувал во инциденти кои се случиле пред четириесетина години. Славниот 77-годишен комичар Козби никогаш не бил кривично гонет, а повеќето обвинувања сега се застарени. Сепак, Козби во декември минатата година дал оставка во одборот на Универзитетот Темпл, каде што бил омилен кога држел говори, водел кампањи за собирање средства и огласување.