Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОткриени 70.000 формулари за дупликат возачки дозволи

Откриени 70.000 формулари за дупликат возачки дозволи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција рече дека истрагата што ја отворил дошла до 70.000 формулари за дупликат возачки дозволи во МВР и покажала вмешаност на висок раководител во Министерството.

– Откако откривме дека во МВР незаконски се издаваат и печатат лични документи, формирав Комисија со задача веднаш да влезе во магацинот на МВР и да изврши попис на сите обрасци за лични документи кои се наоѓаат таму. Пронајдени се 70.000 формулари за возачки дозволи што се внесени во МВР на 26 ноември 2015 година непосредно по моето доаѓање во МВР, рече Спасовски и додаде дека тие не биле евидентирани дека воопшто постојат во магацинскиот компјутер.

Според него, тоа не е направено затоа што исти такви возачки дозволи веќе постојат во евиденциите на МВР, рече Спасовски. Потенцира дека станува збор за исти такви документи со исти сериски броеви, станува збор за иста бројка на возачки дозволи 70.000 тип А.

– Првите 70.000 возачки дозволи се заведени во магацинот на МВР една година и девет месеци претходно на 7 февруари 2014 година. Имам признание од вработени дека помошникот кој работел на оваа област бил известен дека во магацинот се стигнати дупликат возачки дозволи. Меѓутоа не реагирал, не реагира се до мојот налог за попис во магацинот. Тогаш очигледно сфаќа дека скандалот не може да се крие и испраќа писмо наредниот ден до фирмата добавувач на возачките дозволи, посочи Спасовски.

Нагласи дека контактирал со менаџерите на реномирана фирма добавувач кои барале итна средба со него. Претставниците на фирмата, укажа, се изненадени зошто никој не ги известил веднаш за дупликатот на возачките дозволи.