Monday, May 29, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаОткриени 22 лица кои гласале со незаконски лични карти

Откриени 22 лица кои гласале со незаконски лични карти

licni karti1

Откриени се 22 лица од Пустец кои гласале со незаконски лични карти. Ова денеска го истакна Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференција. Тој рече дека овој податок излегол по контролата на податоците на МВР по случаен избор. Повод за проверката биле нелегално прислушуваните телефонски разговори што во текот на годината ги објавуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Едно од тие лица воопшто не поседува лична карта, а постои во избирачкиот список, што значи дека гласа, рече Спасовски.
„На сите останати 21 лице од страна на службите во МВР им биле издадени лични карти, иако немале документ каде живеат, односно немале решение за живеалиште. Решението за живеалиште е клучниот документ без којшто не смее да биде издадена лична карта. МВР на чело со Гордана Јанкулоска издавало и печатело незаконски лични карти со што незаконски овозможиле да гласаат лица кои немаат право да гласаат. Ова е вистината што требало да ја дознаат граѓаните и веројатно ова е стравот на власта“, рече Спасовски.

licni kartiСпоред сознанијата, најголем дел од лицата кои добиле лични карти се од Пустец, а им биле издадени непосредно пред локалните избори во 2013-та година и со нив најверојатно се гласало во општина Центар. Доколку се покаже дека во МВР е злоупотребена институцијата, Спасовски најави дека ќе има постапки и внатре во Министерството.

Спасовски рече дека сите сознанија до кои дошле ќе бидат доставени до Специјалното јавно обвинителство бидејќи тоа се прогласи за надлежно за слуачите со изборни манипулации. За нив Катица Јанева отвори 16 предмети, но предистражната постапка е тајна и не се соопштуваат никакви информации за тоа до каде се постапките.