Откриена цената на Huawei P9 Lite во Европа
Huawei P9 Lite се појави на голем број на европски онлајн сајтови за продажба при што може да се извлече заклучок за неговата просечна цена која изнесува околу 300 евра за моделот со отклучена SIM картичка и без договор со оператор.
Huawei P9 Lite е во интересна фаза каде ниту е официјално презентиран, ниту пак негиран од страна на компанијата, па затоа наскоро очекуваме многу поверодостојни информации за деталната листа на спецификациите и пласманот.
Извор: telefoni.mk