HomeДЕНЕШНАСветОткриена тајна гробница во Гереро во Јужно Мексико

Откриена тајна гробница во Гереро во Јужно Мексико

meksiko-t

Во општината Злитлала во Јужно Мексико била пронајдена тајна гробница со 32 тела и девет човечки глави, на местото каде една криминална група киднапирала луѓе, соопштиле тамошните власти. Како што пренесува АП, војници и полицаји ја пронашле тајната гробница во еден камп во државата Гереро, после дојава дека неколку лица се наоѓаат во заробеништво блиску до една планина во општината Злитлала.

Тие успеале да спасат едно лице кое било таму киднапирано и откриле 12 тела и човечки остатоци. После деталната истрага во тоа подрачје, властите навеле дека пронашле вкупно 32 тела и девет човечки глави. Истрагата во таа област и понатаму е во тек.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com