Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтомОткриена таблета која го забавува стареењето?

Откриена таблета која го забавува стареењето?

Веста која во моментов го обиколува светот за тоа дека е пронајден начин да се забави стареењето е во преден план. Научниците дошле до сознание дека таблетата метформин, која моментално се користи за лечење дијабетес тип 2, може да помогне во спречување на рак, срцеви заболувања, когнитивна дегенерација, проблеми со инсулинска резистенција и шеќерна болест.

Во тек е формирање на нова студија која на примероци од три илјади луѓе на возраст од 70 до 80 години би требало да го докаже или даго негира делувањето на метформинот во текот на стареењето. Ова истражување би траело седум години и ќе чини околу 50 милиони долари.

Истражувачите сугерираат дека таблетата нема никогаш да го спречи целосно текот на стареењето, но би можела сите негативни ефекти да ги направи помалку отежнувачки за секојдневното функционирање на човекот.