Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионОткриена масовна гробница со жртвите од Сребреница

Откриена масовна гробница со жртвите од Сребреница

Во Североисточна Босна откриена масовна гробница. Судски вештаци соопштија дека во неа најверојатно има останки од жртви на масакрот во Сребреница во 1995 година. Гробницата е откриена благодарение на сателитски снимки во реонот во близина до селото Козлук.

Според претставник на обвинителската служба на Босна, изгледа тоа е гробница, каде жртвите во масакрот биле погребани во јули 1995 година и потоа некои од нив биле преместени на друго место во септември, за да се прикрие злосторството. Досега се пронајдени делумни останки од околу 12 различни тела.