Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаОткриена гробницата на Нефертити?

Откриена гробницата на Нефертити?

Во последните неколку децении, гробот на сопругата на фараонот Ехнатон беше предмет на неколку најразлични шпекулации и претпоставки. Таа беше барана во сите делови на Египет, па дури и надвор од гранциците на земјата. Британскиот археолог Николас Ривс тврди дека по 3.300 години конечно ја одгатнал тајната на гробницата на Нефертити, најгламурозната владетелка на Египет.

Британскиот египтолог е сигурен дека ја пронашол изгубената гробница во просториите сокриени во горбницата на фараонот Тутанкамон, синот на Ехнатон, која се наоѓа во Долината на кралевите. Ривс ги скенирал ѕидовите на горбницата на Тутанкамон со висока резолуција и открил цела низа линеарни пукнбатини под слоевите боја кои ја украсуваат.
nefertitiДо својот заклучок дошол врз основа на разни бизарности кои отсекогаш ги интригирале стручњаците и кои би можеле да ја поткрепат хипотезата за постоењето на две сокриени врати кои водат до тајни ходници и одаји. Доколку се утврди дека претпоставката на Ривс е точна, тоа несомнено би можело да биде едно од најголемите археолошки откритија, особено поради ризницата со која познатата кралица наверојатно била закопана.

– Ако грешам никому ништо, но ако сум во право, тогаш ова е најголемото откритие во историјата – изјавил британскиот египтолог кој работи на Универзитетот во Аризона и кој се прослави со работата на „Кралскиот проект на гробницата Амарна“ во рамки на кој во 2000 година пронашол недопрен гроб во Долината на кралевите.
nefertiti1– Теоријата на Николас Ривс може лесно да се провери. Со помош на радар би можело да се види дали воопшто постојат шуплини во ѕидот – изјавил американскиот археолог Кент Викс за магазинот „Економист“.

Нефертити (1370 -1333 п.н.е), чие име приближно значи „убавицата пристигна“, е една од најпопуларните личности во Стар Египет. Од неа денес се сочувани многу малку предмети од кои најпозната е нејзината биста, која се чува во музејот во Берлин. Во историјата е запаметена по верската реформа, која ја спрвела во Египет заедно со својот маж Ехнатон.

фото:www.dailymail.co.uk