Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОткриен убиецот на лавот Сесил – Платил 50 илјади долари

Откриен убиецот на лавот Сесил – Платил 50 илјади долари

Според најновите сознанија ловецот Волтер Палмер е убиецот на лавот Сесил кој беше симбол на Националниот парк Хванге во Зимбавбе. Тој најверојатно платил 50 илјади долари на локални водачи кои го организирале ловот, а лавот бил намамен надвор од безбедната зона со мрша. Лавот бил застрелан со стрела, но не бил усмртен и се мачел речиси два дена пред да биде пронајден од ренџерите.

cesil lav

Портпаролот на Волтер Палмер изјави дека елитниот ловец постои можност да го застрелал лавот, но тврди дека ги имал сите потребни дозволи. Ваквиот нехуман потег вознемири многумина вклучувајќи го и американскиот шоумен Џими Кимел кој го нарече најомразениот американец за кој мора да следи казна.