Tuesday, Apr 25, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРФилмОткриен негативецот во Star Wars: The Force Awakens

Откриен негативецот во Star Wars: The Force Awakens

Џ.Џ. Абрамс за прв пат го откри главниот негативец во новата филмска сага Star Wars: The Force Awakens. Станува збор за Генерал Хукс кој ќе биде игран од Домнхал Глисон и откриена е прва слика од негативецот кој ќе ги води силите на Империјата. Интересно е што се уште малку се знае за целата приказна и се очекува да има повеќе лоши момци играни од Адам Драјвер и Гвендолин Кристи.

image

Во Star Wars: The Force Awakens се враќа легендата Харисон Форд кој ќе ги води новите херои, а ќе се појават и Лук Скајвокер и принцезата Леа. Премиерата е закажана за 24 декември и со сигурност ова ќе биде еден од најголемите филмски хитови оваа сезона.