Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОткриен е погонот за фалсификување лични карти

Откриен е погонот за фалсификување лични карти

Полицијата во текот на вчерашниот ден откри погонот за фалсификуваните лични карти, информира телевизија Алфа. Според информациите полицијата во текот на вчерашниот ден акцијата се спровела во координација на ЈО, како последица на сознанија до кои е дојдено по пријавување на случајот што го објави неделникот „Фокус“.

Полицијата извршила претрес во два објекти во Скопје каде е откриен погон и внатре се откриени фалсификувани лични карти, пластични обрасци, фолии за пластифицирање, машини за производство на фалсификат лични карти и пасоши. Полицијата при претресот одземала и неколку компјутери на кои според нашите информации имало лични податоци и фотографии за изработка на документи како и аудио фајлови како и други податоци важни за натамошната истрага.

Приведени се неколку лица за кои постои сомнеж дека се вмешани во аферата. Од МВР велат дека се уште е рано да се даваат повеќе детали околу случајот бидејќи во тек е вештачење.