HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаОткриен древен египетски град стар 7.000 години

Откриен древен египетски град стар 7.000 години

grobnica-1

Археолозите ископале древен град кој датира од околу 5.000 година пред новата ера. Откриени се куќи, орудје, садови и огромни гробови. Градот лежи во Нил, блиску до храмот Сетиј Први во Абидос. Експертите велат дека поголемиот дел од новооткриените гробови укажуваат на високиот социјален статус од оние кои се во нив погребани.

Експерти тврдат дека градот бил седиште за високи функционери и градители и дека заживеал во периодот на владеењето на првата династија во јужната провинција Сохаг. Откривањето на градот и понатамошните откопувања би можат да донесат до откривање на нови информации и околу Абидос, еден од најстарите градови во древен Египет.

grobnica-2

Абидос бил главен град на Египет кон крајот на таканаречениот преддинастички период и во текот на владеењето на првите четири династии. Археолозите до сега пронашле куќички, остатоци од садови и 15 големи гробници. „Некои од откриените гробници, кои потекнуваат од перидот на првата династија, поголеми се од кралските гробници во Абидос, што го докажува значењето на оние кои се овде погребани и на нивниот висок социјален статус“, изјави од египетското министерство за антиквитети.

grobnica-3

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com