Thursday, Mar 28, 2024
HomeГИГА БАЈТОткриен датумот на продажба на iPhone 6s серијата

Откриен датумот на продажба на iPhone 6s серијата

Вработен во операторот Vodafone ја протече информацијата за датумот на продажба на iPhone 6s серијата на смартфони што може да ги потврди плановите на Apple но, и да ги подготви фановите за пласманот во септември. Според протечените информации iPhone 6s смартфоните ќе може да се порачаат уште на 18 септмеври, а во продажба ќе влезат на 25 септември.

iphone-6-mockups

Според досегашните информации iPhone 6s и iPhone 6s Plus ќе ја задржат оригиналната големина на дисплеите од 4.7 и 5.5 инчи, но ќе добијат значителен скок во резолуцијата со 1080p и 1440p, потоа ќе има скок на квалитетот во камерата која ќе има Sony сензор од 12 мегапиксели, а за RAM меморијата ќе се користи LPDDR4 со 2 GB.

За А10 процесорот Apple посакува 10nm технологија од TMSC за да го порази Samsung кој има засега 14nm процесор, но ако не успее во тоа ќе мора да користи чипсет базиран на Exynos серијата.