Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиОткажан настапот на Стив Аоки во Центар, ќе има нов термин

Откажан настапот на Стив Аоки во Центар, ќе има нов термин

Заради лошите временски услови и невремето кое го фати Скопје вчеравечер, настапот на светски познатиот диџеј и продуцент, Стив Аоки беше откажан. Организаторите на настанот не беа во можност да го реализираат планираниот музички спектакал и сценско шоу.

Сепак од Општина Центар известуваат дека во договор со продукцијата и организаторите, во првата следна прилика настанот ќе биде реализиран, притоа заблагодарувајќи им се на граѓаните за поддршката и разбирањето.