HomeДЕНЕШНАРепубликаОтказ за пијаните анестезиолози од гевгелиската болница

Отказ за пијаните анестезиолози од гевгелиската болница

Отказ за анестезиолозите од гевгелиската болница, Томчо Ванцев и Зоран Јовановски кои пијани учествувале во оперативен зафат. Отказното решение следува по смртта на родилката и нејзиното неродено дете, но и откако анализите покажаа во крвта имале 1,23 и 1,75 промили алкохол.

Во писменото соопштение од директорот на болницата Сретко Јованов се вели дека ваквата мерка за докторите, специјалисти по анестезиологија и реанимација, стапува на сила веднаш. Гевгелиската болница е без анестезиолози, а оперативните зафати се препраќаат во Велес и Штип – објави 24 вести.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com