HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОтказ за негoвателката која изгоре дете со кафе во градинка

Отказ за негoвателката која изгоре дете со кафе во градинка

gradinka

Негувателката која вчера истурила врело кафе врз лицето на детето додека тоа спиело ќе добие отказ – потврдил за НОВАТВ.мк директорот на градинката, Јоаким Димулков.

Денеска во градинката дошла инспекција од Министерството за труд и социјала токму за овој случај.

„Негователката ќе добие отказ од работа и тоа ќе биде завршено до крајот на работниот ден. Постапката е во тек, запазени се сите законски процедури и нема ништо да криеме. Се работи за здравјето на нашите деца и нема да толерираме вакви неодговорни работи“ – изјави Димулков.

Настанот се случил вчера во занималната во детската градинка „Чекорче“, клон на градинката „Срничка“ во скопската населба Аеродром. Додека едно од девојчињата лежело во своето креветче, негователката влегла со филџан штотуку сварено кафе иако не било време за пауза. Во еден момент филџанот со врело кафе се истурил врз левата страна од лицето и окото на девојчето. Девојчето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на окото и левата јаболчница, по што било однесено на Клиниката детска хурургија од страна на родителите.

Случајот беше објавен во дневниот билтен на МВР бидејќи родителите го пријавиле што се случило со нивното дете. Оттаму информираат дека полицијата работи на расчистување на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com