HomeДЕНЕШНАСветОтказ за Дедо Мраз – Му зборел на девојче дека Хилари Клинтон била непослушна

Отказ за Дедо Мраз – Му зборел на девојче дека Хилари Клинтон била непослушна

dedo-mraz-hilari

Човек кој има улога на Дедо Мраз во трговски центар во Сенфорд, Флорида е отпуштен од банална причина бидејќи на едно од девојчињата му кажал дека претседателската кандидатка Хилари Клинтон која ги изгуби изборите ја ставил на листата на непослушни и слатко се изнасмеал.

Овој недоличен коментар го чуле родителите на девојчето и го пријавиле на надлежните во трговскиот центар, по што си добил отказ за непримерни коментари.

Од трговскиот центар посочија дека Дедо Мраз треба да остане симбол на мирот, дарувањето и заедништвото за време на празничната сезона, а да не се меша во политичката битка, особено во период кога нацијата е длабоко поделена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com