Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОткако ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби за партиски цели, дедото на починатата Тамара пукаше во Тодоров

Откако ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби за партиски цели, дедото на починатата Тамара пукаше во Тодоров

Дедото на починатата Тамара од Велес, 60-годишната Љупчо Стојановски е лицето кое пред малку пукало во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, јавува „МКД.мк“.

Според првичните информации, Тодоров на влегување на скалите кога пристигнувал за да ја предаде функцијата на новиот министер Таравари, се поздравувал со снимателите кои чекале да влезат внатре и тогаш напаѓачот извадил пиштол и пукал директно во него.

Обезбедувањето на Министерството за здравство веднаш интервенирало и го оневозможило напаѓачот. Лицето е приведено и е на распит во полициската станица Беко.

Малата Тамара од Велес, која почина чекајќи Фондот да и одобри средства за операција во странство. Решението за одобрените пари пристигна следниот ден по нејзината смрт.

Нападот доаѓа еден ден откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија го злоупотребил починатата Тамара и нејзината трагична смрт за да го нападне СДСМ и идните буџетски трошоци на новата влада.