Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОткако ќе се спојат Вип и Оне ќе влезе нов оператор

Откако ќе се спојат Вип и Оне ќе влезе нов оператор

Двата мобилни оператори по добивањето дозвола за концетрација од Агенцијата за заштита на конкуренцијата соопштија дека до крајот на годината ќе го финишираат спојувањето, а нивна обврска е да овозможат влез на нов виртуелен мобилен мрежен оператор во рок од 9 месеци кој ќе има услов да работи најмалку 15 години.

Конкурсот за влез на нов мобилен оператор ќе го објави Агенцијата за електронски комуникации. Со спојувањето на вториот и третиот мобилен оператор во државава ќе се создаде еден моќен субјект со мнозинско учество на пазарот, но од Вип и Оне најавуваат дека нема да има промени на цените, а корисниците кои ќе склучат договори ќе се испочитуваат според одредбите.

Извор; telefoni.mk