Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласОткачениот научник ги објасни климатските промени само со емоџи

Откачениот научник ги објасни климатските промени само со емоџи

Бил Нај е еден од најактивните научници кој ја алармира јавноста за потенцијалната опасност од глобалното затоплување и климатските промени, но често е напаѓан дека овие теории се претерани и човекот нема никакво влијание врз природата. Климатските промени се резултат на преголемата употреба на фосилни горива со испуштање на големи количини на јаглерод диоксид во атмосферата и загадувањето на природата.

climate change plannet

Меѓутоа оваа научна лекција очигледно е дека многумина не сакаат да ја прифатат, претежно поради нафтеното лоби кои троши многу пари на пропаганда, па Бил Нај познат како The Science Gay ги објасни климатските промени со модерниот „јазик“ кој сите го разбираат, а тоа се емоџите од апликациите за допишување.

Бил Нај го објаснува овој потег како неопходен и не се грижи дали ќе му се налутат колегите од научната заедница бидејќи климатските промени се неизбежно прашање кое мора да и се претстави на јавноста со факти и истражувања, како и понуда на можни решенија со намалување на штетните емисии на гасови во атмосферата.