Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОтец Пимен: Поставувањето верски симболи е безумие

Отец Пимен: Поставувањето верски симболи е безумие

Вообичаено верските симболи се поставуваат за да симболизираат мир, само кај нас за да поттикне безумие и насилство. По поставувањето на камен темелникот на новиот крст во Бутел и нападот врз Тодор Петров, реагираше и Отец Пимен, за кого поставувањето на крстот, а претходно и двоглавиот орел, се само провокации за да почнат безумства.

– Орли и крстови. Провокации и паѓања на провокации. Обично, низ целиот свет, спомен обележја се ставаат како симбол на крај на безумства и крвопролевања. Кај нас обратно е. Се поставуваат за да почнат безумствата, напиша отец Пимен на својот фејсбук профил.