HomeДЕНЕШНАРепубликаОтец Тихон од Русија се сретна со претседателот Иванов

Отец Тихон од Русија се сретна со претседателот Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов во Охрид го прими епископ Тихон, викар на Патријархот Московски и на цела Русија, кој престојува во посета на Република Македонија. Отец Тихон е познат и како духовник на рускиот претседател Владимир Путин. Поводот за неговото доаѓање во Македонија е и промоција на книгата „Свети а несвети“ која е бестселер во православната литература.

На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот, биле разменети мислења за односите меѓу Mакедонската православна црква- Охридска Архиепископија и Rуската православна црква, како и за севкупните состојби во православието.

Претседателот Иванов ја истакнал потребата од натамошно интензивирање и збогатување на односите меѓу двете цркви, како и воопшто на релациите меѓу македонскиот и рускиот народ, кои ги поврзува богата заедничка историја.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com