Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманОсвежителен десерт: Нес коцки

Освежителен десерт: Нес коцки

Без премногу да ви одзема време и без печење, овој лесен десерт е уште една идеална опција за топлите денови.

Потребни состојки:
* 150 гр. бисквити
* 2 дл. млеко

(За чоколадниот фил):
* 2 пудинзи од чоколадо
* 4 лажици шеќер
* 3 лажици сечкани лешници
* 100 гр. чоколадо за готвење
* 6 дл. млеко
* 100 гр. шеќер во прав
* 180 гр. маргарин

(За филот од кафе):
* 300 гр. Маскарпоне крем сирење
* 3,5 дл. слатка павлака
* 150 гр. шеќер во прав
* 1 лажица Нес кафе
* 10 гр. желатин во прав

Начин на подготовка:
(Чоколаден фил): Во сад ставете 5 дл. млеко, додадете шеќер и варете додека не зоврие. Останатото млеко посебно изматете го со пудинг од чоколадо и ставете го во зовриеното млеко и продолжете со варење додека не згусне. Пред крајот на варењето додадете искршена чоколада за готвење и мешајте додека не се стопи. Посебно изматете го омекнатиот маргарин со шеќер во прав и соединете го со оладениот пудинг и измешајте. На крај, додадете ги сечканите лешници и измешајте.

(Фил од кафе): Изматете го крем сирењето со шеќер во прав и Нес кафе. Измешајте ја слатката павлака додека не стане цврст шлаг и соединете ја со филот од Маскарпоне. Прелијте го желатинот со 4 лажици ладна вода и оставете да набабри, а потоа додадете го подготвениот фил и полека мешајте.

(Крајна постапка): Дното од тавата покријте го со натопениот кекс во млеко. На него намачакајте го чоколадниот фил и оставете комплетно да се олади. Потоа, нанесете го филот од кафе, израмнете и оставете го во фрижидер за да се зацврсти.