Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОсветени водите низ Македонија, Дончевски по четврти пат до крстот

Осветени водите низ Македонија, Дончевски по четврти пат до крстот

Низ Македонија се одржаа свечените церемонии на осветување на водите и свештениците ги благословија верниците. vodici skopje 16Голем број на млади низ републиката учествуваа и во вадењето на крстот, а во Скопје на централната манифестација кај мостот „Слобода“ повторно најсреќен беше Даниел Дончевски на кој по четврти пат му успеа да го извади од водите на Вардар. daniel krst skope2На светата литија на Охридското езеро најсреќен беше Петар Рупевски кој ја продолжи традицијата честиот крст да го фати Варошанец, а има искуство и на два пати од минатите години.

Според православната традиција овој ден се нарекува и Богојавление бидејќи тогаш е крстен и Исус од Свети Јован Крстител и Бог за прв пат се јавил на реката Јордан со Светото тројство – Отецот, Синот и Светиот Дух.