Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОсумнаесетгодишник осомничен за измама на турски студенти

Осумнаесетгодишник осомничен за измама на турски студенти

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против С.Б.(18) од Скопје осомничен дека извршил шест кривични дела „измама“ стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 54.000 денари.

Во периодот септември-октомври годинава, на Бит Пазар и во Центар во Скопје, С.Б. со лажно прикажување на факти на странските државјани – студенти, им ветувал дека ќе им извади лични карти за странец и за таа услуга од нив земал пари. Меѓутоа осумнаесетгодишникот ниту им извадил лични карти за странец во Република Македонија, ниту им ги вратил паричните средстава на оштетените. С.Б претставувајќи се дека има фирма за недвижности на некои од измамените им ветувал дека ќе им обезбеди и стан под кирија при што им земал пари за капар и пари за провизија, за што пријавениот им давал парагон ливче каса -прими без печат. Притоа се договарале наредниот ден да одат на нотар со цел да го заверат договорот за закуп на стан меѓутоа во закажаниот термин С.Б. не се појавувал.

На 19-ти овој месец, еден од студентите го пријавил случајот во полициската станица во Центар. С.Б. брзо бил лоциран, а потоа и лишен од слобода. Во присуство на бранител измамникот се бранел со молчење, а од него со потврда за привремено одземени предмети, одземен е еден парагон блок со 18 употребени ливчиња.

Од страна на СВР Скопје против С.Б. во 2013 година била поднесена кривична пријава од областа на имотните деликти.