Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОсумнаесетгодишна Кумановка се приклучила на Исламска држава

Осумнаесетгодишна Кумановка се приклучила на Исламска држава

Осумнаесет годишна Кумановка пристапила на организацијата Исламска држава и отишла во Ирак. Медиумите пренесуваат дека девојката чии иницијали се З.К. отпатувала во Ирак, каде, најверојатно се омажила.

Таа избегала пред неколку месеци, а нејзиниот татко Африм Кадриу рекол дека е подготвен да направи се што е можно само да ја врати ќерка си дома. Избеганата девојка во разговорите со семејството кажала дека е во Ирак и дека таму се чуствува безбедно. Таа била и во контакт со другарки од Косово, за кои се претпоставува дека се регрутирани во исто време, рекле членови на семејствата.