Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионОсумнаесет повредени во страотен судир на два автобуси во Белград

Осумнаесет повредени во страотен судир на два автобуси во Белград

Два автобуси со број 72 се судриле утрово во Белград, на автобуската станица на Зелен венец при што во несреќата се повредени осумнаесет лица. Нада Мацура, портпаролот на брзата помош, изјавила дека во 7.30 часот наутро го примиле повикот со што екипата веднаш отишла на лице место за увид.

Според неофицијални информации возачот бил заробен во еден од автобусите и бил во шок и под стрес.