Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОсумгодишно дете прегазено во тетовско

Осумгодишно дете прегазено во тетовско

Осумгодишно дете од село Боговиење вчера е повредено откако во него удрил „мерцедес“ со словачки регистарски таблици, што го управувал Р.Љ. (34), исто така од Боговиње. Според полицијата, несреќата се случила околу 14 часот на регионалниот пат Тетово – село Пирок, пред раскрсницата за село Горно Седларце.

По укажаната лекарска помош во Тетовската болница, детето е префрлено во Скопје. Увид на лице место изврши екипа од СВР-Тетово.