Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОсум лица нападнале скопјанец и му ги украле лап-топот

Осум лица нападнале скопјанец и му ги украле лап-топот

Триесет и едногодишниот скопјанец Ј.Ф. доцна синоќа бил физички нападнат од осум лица на улицата „Дебарца“.

Без повод и причина тие му се нафрлиле и, удирајќи го во пределот на главата и телото, му го одзеле лап-топот што го носел во рака, по што избегале.

Како што соопшти полицијата, настанот се случил околу еден часот по полноќ.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.