Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОсум лица уапсени под сомнение дека се поврзани со терористот од Ница

Осум лица уапсени под сомнение дека се поврзани со терористот од Ница

Француската полиција упаси осум лица од блиското опкружување на терористот, кој вечерта на 14 јули во Ница со камион влета во толпата луѓе, усмртувајќи 86 лица, јави дописникот на МИА од Париз.

– Апсењата се извршени во текот на ноќта и тие се повразни со сторителот на делото. Се прават проверки и за тоа време лицата се во притвор, изјави претставник на полицијата.

Весникот „Нис-Матан“ наведува дека уапсените лица се со француско или туниско државјанство.