Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОсум години од трагичната хеликоптерска несреќа кај катлановско Блаце

Осум години од трагичната хеликоптерска несреќа кај катлановско Блаце

Одбележани осум години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада на АРМ, на спомен обележјето кај катлановско Блаце. Осумгодишнината од несреќата на армискиот хеликоптер беше одбележана и во кампот Бутмир, Сараево, каде мировниците беа дел од мисијата „АЛТЕА“.

Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година кај катлановско Блаце, враќајќи ги потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

И по 8 години од хеликоптерската несреќа, семејствата на загинатите немаат одговори инсистираат на нова истрага за случајот. Велат се сомневаат во резолуцијата која ја донесе тогашниот обвинител кој го водеше случајот и имаат нови документи кои не сакаат да му ги предадат на секретерот во Јавното обвинителство туку директно на обвинителот Зврлевски.