Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОсум дена воени трошоци за цела година образование

Осум дена воени трошоци за цела година образование

Добитничката на нобелова награда со силна порака. Доколку трошоците кои на светско ниво одат на финансирање на војските секоја година запрат само осум дена, ќе се заштедат доволно пари да им се обезбеди бесплатно и квалитетно образование на сите деца во светот, се вели во извештајот на фондацијата Малала, која се труди да обезбеди бесплатно образование за децата во неразвиените земји.

Во мај годинава, министри од преку 100 земји ја потпишаа декларацијата од Инчеон во Кореја, со која се обврзаа да се обезбеди бесплатно основно и средно образование за за сите деца до 2030 година. Овој позитивен чекор, сепак наидува на проблеми околу финансирањето. За да се постигне оваа цел, потребни се околу 340 милијарди долари годишно, а во моментов недостасуваат по околу 39 милијарди долари за секоја година – што е сума која се троши за финансирање на армиите низ светот во само осум дена.
malala
Со Декларацијата, нискоразвиените земји се обрвзуваат да трошат 6.5 проценти од Бруто домашниот производ за универзално, бесплатно образование до 2030 година, додека малку поразвиените земји ќе треба да издвојат по 4.3 проценти од БДП. Вкупно 10 проценти од сумата се очекува да дојде од донатори и од посебни форми на помош.

Според фондацијата Малала, обезбедувањето на потребните фондови ќе испрати силен сигнал од светските лидери дека образованието е фундаментално право на секое дете во светот, а ова ќе биде особено важно за образувањето на милиони девојчиња од неразвиените земји, кои во моментов немаат пристап до училиштата.