Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсудените за изборни нерегуларности можат да бидат помилувани

Осудените за изборни нерегуларности можат да бидат помилувани

Уставниот суд, со 5 гласа „за“ и 4 „против“, ја прифати иницијативата претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

Предлогот којшто е ставен на дневен ред на денешната седница која започна во 9 часот, следува по отворањето на случајот „Титаник“ од страна на СЈО во кој осомничени се високи функционери во ВМРО-ДПМНЕ: екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и уште пет други лица.

Претседателот ја изгуби можноста да помилува лица осудени за изборни нерегуларности во 2009 година, а сега се отвора простор, доколку осомничените бидат приведени – веднаш и да бидат ослободени. Ваквата одлука на судот не оди во прилог на кризната состојба во која се наоѓа македонската политика, а и дополнително фрла сомнеж на длабоката вкоренетост на политиката во судството.