Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОставка на министерот за внатрешни по нападот во Багдад

Оставка на министерот за внатрешни по нападот во Багдад

Министерот за внатрешни работи на Ирак, Мохамед Габан, денеска објавил дека поднесува оставка, пренесува AFP.

-“Поднесов оставка до премиерот”, изјавил политичарот.

Потегот доаѓа по бомбашкиот напад на 3 јули кога загинаа најмалку 175 луѓе. Одговорноста на нападот ја презеде екстремистичката група Исламската држава која држи под своја контрола добар дел од северен и западен Ирак. По нападите властите прогласија тридневна жалост.