Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОсомничените терористи од Куманово молчат пред обвинителството

Осомничените терористи од Куманово молчат пред обвинителството

Јавното обвинителство го заврши распитот на приведените лица кои учествуваа во Кумановската битка на 9 и 10 мај, но повеќето од нив молчеле и не дале исказ за настаните бидејќи како што пренесуваат нивните адвокати не им биле посочени докази. Обвнителството работи на собирање на докази против вооружената група која ќе се соочи со обвинение за тероризам и други тешки дела против државата.

kumanovo

Во претстојната судска постапка треба да се расветлат мотивите на вооружената терористичка група, кои биле нивните мотиви и цели на македонска територија, дали добиле наредба за напади и дестабилизација, како дошле до голема количина на оружје. Исто така треба да се утврди дали групата знаела дека ќе започне акцијата со дојави од македонски полициски или политички власти, каква била комуникацијата со ДБК и одредени политички лидери.

Инаку опозициските медиуми шират писмо испратено наводно од македонските специјалци кои учествуваа во Кумановската битка до новата Специјална јавна обвинителка, но неговата автентичност не е потврдена, па можно е да станува збор само за спин. Доколку постојат прислишкувани разговори тие ќе треба да се предадат како докази, а постои и можност Катица Јанева да спроведе сопствена истрага.