HomeДЕНЕШНАРепубликаОсомничени неколку лица за смртта на Тамара – една година подоцна

Осомничени неколку лица за смртта на Тамара – една година подоцна

Јавното обвинителство соопшти дека се осомничени повеќе лица за сторено кривично дело Несовесно работење во службата во врска со случајот Тамара Димовска од Велес. Девојчето почина пред точно една година, како последица од сериозно искривување на ‘рбетот. Тамара почина чекајќи државата да и плати за операција во странство. За нејзиното лекување беа потребни 30.000 евра.

Обвинителството одлучило да спроведе низа дејствија за овој случај по допрен глас. Оттаму соопштија дека во својство на осомничени, неколку лица се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител. По завршување на сослушувањето ќе биде донесена мериторна јавно обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена, стои во соопштението.

За Тамара беа одржани неколку протести, а утре нејзиното семејство, граѓански активисти и невладини организаци во 12 часот, пред Јавното обвинителство во Скопје ќе протестираат по повод едногодишнината од смртта на Тамара. Тие бараат под итно да се покрене обвинение против одговорните за нејзината смрт.

На 24 февруари, 15 дена по смртта на Тамара, оставка од функциите поднесоа директорите на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемали Мехази.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com