Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсомничен во „Тврдина“ стана директор на меѓународна мрежа за организиран криминал

Осомничен во „Тврдина“ стана директор на меѓународна мрежа за организиран криминал

Поранешниот шеф во кабинетот на Сашо Мијалков, кој е осомничен за уништување на опремата за прислушување е избран за генерален директор на меѓународната мрежа за организиран криминал. Тони Јакимовски е осомничен од СЈО и беше помилуван од претседателот Ѓорге Иванов, а на новата позиција, според информациите објавени на веб сајтот на СЕЛЕК, Јакимовски бил избран на 30 јуни во Букурешт.

За отворената позиција во Седиштето на меѓународната мрежа за борба со организиран криминал аплицирале Македонија, Албанија и Србија. Новата канцеларија на Јакимовски ќе биде во Букурешт. Во неговата биографија пишува дека тој од 2014-та до 2016-та година работел како Национален координатор за борба против тероризмот, лани бил помошник директор за координација во МВР и УБК, додека од 2006-та до 2015-та раководел со Секторот за координација во МВР и УБК.

Инаку, СЈО бараше забрана за извршување на работни обврски, а вчера Кривичниот совет ги одби овие барања и не воведе никаква мерка за Јакимовски.