Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсновниот суд Скопје 1 со конечна одлука: „Бомбите“ се отфрлени како докази

Основниот суд Скопје 1 со конечна одлука: „Бомбите“ се отфрлени како докази

На денешната седница која се одржа во Основниот суд Скопје 1, Кривичниот совет донесе одлука за отфрлање на „бомбите“ како докази. Тоа значи дека се отфрлени 21 жалба од обвинителите на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенијата на судија на претходна постапка за издвојување на доказите од списите на предмети на обвинителството кои се одбиваат како неосновани.

Апелацискиот суд се прогласи за ненадлежен за решавање во врска со снимките и транскриптите од прислушуваните разговори, со што заврши неколкумесечното „надмудрување“ помеѓу Обвинителството и судот.