Monday, Nov 20, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсновен суд: СЈО е ненадлежно за случајот „Тврдина“

Основен суд: СЈО е ненадлежно за случајот „Тврдина“

SJO

Основниот суд Скопје го прогласи Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на чело со обвинителката Катица Јанева за ненадлежно за случајот „Тврдина“.

СЈО го отвори овој случај за сомневањата за незаконски уништената опрема за прислушување.

Ваквата одлука на основниот суд ја донесе судијката Александра Поп- Стефанија која при отфрлањето на барањето на СЈО за притвор на шефот на петтата управа на УБК, Горан Грујoвски, кој беше еден од осомничените, меѓудругото го соопшти и својот став за СЈО по овој предмет.

Според решението на судијката, СЈО мора да докаже дека предметот е поврзан со незаконското прислушување и дека произлегува од прислушуваните разговори.

-„Кривичните дела за кои е овластено ова јавно обвинителство треба да се поврзани и да произлегуваат од конкретна содржина на неовластено следење на комуникации, аудио снимки и транскрипти од наведениот период кои во конкретниот предмет не му се презентирани на судот“, стои во нејзиното објаснување.