Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОсновачот на Minecraft ­ – Мизерен со милијарда долари

Основачот на Minecraft ­ – Мизерен со милијарда долари

Кога ќе дојдете до многу пари, едноставно престанувате да се трудите, а поради разликите во богатството, тешко се одржуваат контактите со старите пријатели – вака ја опишува Маркус Персон лошата страна на богатството на Twitter, кој е основачот на Minecraft. Тој ја продал својата игра на Microsoft за 2,5 милијарди долари.

 

Персон не губел време после продажбата на својата компанија и набрзо купил вила во Беверли Хилс во вредност од 70 милиони долари, во која правел забави за познатите и богатите. Ова е сон за повеќето почетници во бизнисот – покренуваат стартап, креираат продукт што ќе го засакаат милиони луѓе и потоа ја продаваат компанијата за милијарда долари. Но, што се случува кога ќе ви легнат милијарда долари на сметката? Некои продолжуваат да работат во истата компанија, некои започнуваат со нови предизвици и создаваат нови проекти, други се занимаваат со хуманитарни активности, а Персон се нашол во ситуација на безнадежна изолација.

 

Маркус не го исполнувало дружењето со пријателите на Ибица, дружењето со познатите личности и фактот што може да работи и да купи што сака. Прв пат во животот почувствувал голема самотија и изолација токму во тие моменти. Кога бил во Шведска го гледал својот израз во мониторот додека чекал пријателите да завршат со работа и да се разделат со семејствата за да поминат малку време заедно, што била главната точка во неговото освестување на проблемот. Краток период подоцна имал прекрасна девојка, која се исплашила од него и неговиот животен стил, па го напуштила поради друга, „нормална личност“. Затоа Маркус советува дека милијардите не се клуч за среќата, туку семејството е она што не одржува во живот.

Извор: telefoni.mk